Индустриски мазива

Monday, October 26, 2020

Eurol Lithium Complex

Пакување: 
600G

Опис:
Eurol Lithium Complex е маст, која е развиена во согласност со континуираниот технолошки развој и барања, како во транспортниот, така и во индустрискиот сектор, за примена врз лежишта и компоненти на шасијата.

Eurol Lithium Complex се користи во ролери, тркала и обични лежишта (лагери), кои работат под високо оптоварување или проследено со вибрации на високи (за краток период и до 200°C) или ниски температури, истовремено одржувајќи ја нејзината постојаност.

Eurol Lithium Complex има одлична термичка стабилност и добра способност за прилепување. Оваа маст може да се користи како замена за неколку мазива и поради тоа го намалува ризикот од избор на погрешна маст. Оваа маст ги надминува перформансите на Eurol Universal Grease Lithium EP 2.

Eurol Lithium Complex има својства кои нудат одлична заштита против корозија (исто така и во присуство на вода), одлична заштита против абење и водоотпорност. Ова гарантира многу долг животен век на производот. Мастта има широк температурен опсег и нуди одлична оксидациска стабилност. Хемиски реакции со кои би дошло до запечатување нема да се случат.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top