Спрееви

Saturday, November 28, 2020

Eurol Penetrating Oil Spray

Пакување:
400ML

Опис:
Eurol Penetrating Oil Spray е спреј со висок квалитет и претставува ефикасна помош за олабавување на 'рѓосаните делови. Овој спреј, покрај добрите продорни својства, има и својства отпорни на корозија.

Eurol Penetrating Oil Spray содржи графит и молибден дисулфид (МоЅ2), со што се обезбедува долготрајно подмачкување. Може да се користи во апликации како што се:

- шарки и брави
- завртки
- запчаници
- монтажни делови (завртки и навртки)
- алатки

Eurol Penetrating Oil Spray мора да се протресе добро пред употреба. Се прска на приближно 20-25 cm од објектот. Нанесете ја саканата количина. Производот мора да се остави да дејствува за 5 до 10 минути.

Користете Eurol Penetrating Oil Spray само во добро проветрени простории. Во случај на контакт со очите, веднаш да се измијат очите со многу вода. Запалива супстанција.

Eurol Penetrating Oil Spray има рок на траење до 3 години. Да се чува на суво и ладно место со температура помеѓу +5°C до +25°C.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top