Спрееви

Monday, August 03, 2020

Eurol EGR Cleaner

Пакување: 
400ML

Опис:
Eurol EGR Cleaner е адитив развиен за отстранување на вишокот на јаглеродни нечистотии од внатрешноста на EGR вентилот.

EGR вентилите се инсталирани во возилата за намалување на емисиите на азотните оксиди. Сеедно дали се електронски или механички, EGR вентилите се отвораат и затвораат, за да извршат контрола на протокот на гас, во зависност од, на пример, пригушувањето и температурата на моторот.

Ако EGR вентилот остане отворен, вишокот на вакуум во влезот ќе предизвика моторот грубо да работи во место. Ако EGR вентилот, пак, е заглавен во затворена положба, моторот ќе испушта прекумерни емисии на азотни оксиди.

Покрај тоа, на голем број возила може автоматски да им се намали моќта ако електронски контролираниот EGR вентил не функционира или пак не одговара на командите.

Eurol EGR Cleaner може да се користи за чистење на EGR вентилот на вашето возило, со цел да се постигне рамномерно забрзување и да се намали тропањето. По користењето на овој адитив вашето возило ќе работи подобро. Препорачливо е да се користи особено ако вашето возило испушта многу чад. Eurol EGR Cleaner може да се користи без расклопување и можете да го ставите и самите вие.

400ml шише од Eurol EGR Cleaner се препорачува за употреба на секои 20.000km, на благо затнати доводи. Можете да го користите во возила со мала километража секоја година, за да ги одржувате чисти.

Перформанси:
Ги чисти валканите EGR вентили со отстранување на јаглеродните нечистотии.
Го намалува црниот издувен чад и опасните азотни оксиди.
Го враќа оптималното струење во комората за согорување.
Ги подобрува перформансите на моторот.
Погоден е за сите дизел мотори опремени со EGR-систем.

Начин на употреба:
1. Запалете го моторот и оставете го да загрее.
2. Откачете го подвижното црево од доводот на воздух.
3. Одржувајте го моторот на околу 2.000 вртежи во минута.
4. Додавајте го спрејот во кратки импулси (максимум 10s) во свитканото црево.
5. Чекајте ± 30s по секоја апликација додека моторот не се стабилизира.
6. Ако се зголемува бројот на вртежи во минута на моторот во текот на апликацијата на спрејот, оставете го моторот да работи во место наместо препорачаните 2.000 вртежи во минута, со цел да се избегне тропањето.
7. Повторувајте ги чекорите 4 и 5 се додека аеросолта не се испразни и повторно закачете го свитканото црево.
8. Возете го возилото околу 5 до 10km, за да се отстранат сите растворени загадувачи.
9. Оставете го моторот да работи во место најмалку 1 минута пред да го исклучите.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top