Адитиви за автоматски менувачи

Monday, October 26, 2020

Eurol Radiator Sealer

Пакување:
250ML

Опис:
Eurol Radiator Sealer е развиен за заштита од протекување во системот за ладење. Не само што го спречува протекувањето од главните дихтунзи, основни греачи, ладилникот и пумпата за вода, туку го спречува и протекувањето на вода во деловите каде пластичните резервоари се поврзани со ладилникот. Во случај кога протекува од ладилникот, протекувањето може да предизвика вашиот мотор да прегрее, да изгаси или да трокира.

Eurol Radiator Sealer ќе ја одложи поправка за неколку месеци (до една година) на ладилниците кои имаат оладени мотори базирани на гликол или вода, во склоп на автомобили, моторцикли, комерцијални возила и земјоделски машини. Ако протекувањето е во пластичната секција на ладилникот или пак на основните греачи, тогаш треба да се замени.

За превентивно одржување и добра состојба на системот за ладење, Eurol Radiator Sealer може да се користи еднаш годишно за да се спречи протекувањето, а притоа да се намали загадувањето на животната средина.

Кога се користи Eurol Radiator Sealer не е неопходно да се испразни системот за ладење или испирање, бидејќи овој производ може да се користи со сите видови на антифриз.

250ml шише од Eurol Radiator Sealer се препорачува за употреба во возила кои собираат од 6L до 12L антифриз. Додадете адитив во ладилникот, оставете го автомобилот да работи околу 10 минути за темелно да се создаде површински слој на ладилникот и треба да се остави автомобилот барем неколку часа, така што за тие неколку часа ќе дојде до затнување на малите дупчиња на ладилникот.

Eurol Radiator Sealer работи до одреден степен, односно затнува само мали дупки. За поголемо протекување потребна е поправка или замена.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top