Адитиви за автоматски менувачи

Monday, October 26, 2020

Eurol ATF Treat

Пакување:
500ML

Опис:
Eurol ATF Treat е адитив развиен за да се зголеми ефикасноста на автоматскиот пренос на течност во менувачот. Овој производ треба да се користи кога преносот на течност во автоматскиот менувач е послаб и брзините се менуваат погрубо.

Eurol ATF Treat обезбедува подмачкувачки филм на сите подвижни делови, па има помалку триење на метал со метал, а исто така нуди и долгорочна заштита на подмачканите делови.

Eurol ATF Treat треба да се користи во автоматски менувачи кои имаат потешкотии со менувањето на брзини. Овој адитив ќе ги елиминира сите проблеми кои ги имате со менувачот. Тоа ќе резултира со значително подобрување во преносот на течноста, а со тоа и директно подобрување на работата на менувачот.

Eurol ATF Treat е дизајниран за да го продолжи животот на автоматскиот менувач. Овој адитив го користи маслото како носител на течности за да стигне до секој дел од менувачот.

500ml шише од Eurol ATF Treat се препорачува за употреба во возила кои во менувачите собираат од 8L до 12L масло.

Eurol ATF Treat е компатибилен со сите комерцијално достапни течности за автоматски менувачи.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top