Адитиви за во мотор

Monday, August 03, 2020

Eurol Visco Oil Plus

Пакување:
250ML

Опис:
Eurol Visco Plus е адитив развиен за да се зголеми вискозитетот на маслото во дизел или бензински мотори со или без турбо полнач. Тоа е дел од превентивната постапка која е важна за одржување на старите мотори и оние со голема километража, за да бидете сигурни дека моторот ќе има максимална заштита во областите каде што температурите често се во опсег од 35-50°C.

Eurol Visco Plus е препорачливо особено ако моторот троши повеќе од 1L моторно масло на секои 1.000km или при возење на екстремно високи температури за време на годишните одмори. Eurol Visco Plus ја зголемува вискозноста на маслото, создавајќи подебел подмачкувачки филм помеѓу подвижните делови.

По додавањето на Eurol Visco Plus во моторното масло, Вашето возило работи без проблеми со намалени вибрации кога работи во место. Овој адитив ја враќа компресијата на моторот, ја зголемува стабилноста на високи температури и тежок товар, ја подобрува силата на моторот и ја намалува потрошувачката на гориво.

250ml шише од Eurol Visco Plus се препорачува за употреба во автомобили кои собираат од 4L до 6L моторно масло и се употребува со додавање адитивот во моторното масло. Не го преполнувајте моторот, маслото треба да го достигне максимумот на прачката. Тоа ќе го зголеми вискозитетот до 20%.

Eurol Visco Plus е компатибилен со широка палета на моторни масла (минерални или синтетички). Ако моторот троши многу повеќе од 1л моторното масло на секои 500 километри, се препорачува да се однесе автомобилот на поправка.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top