Адитиви за во резервоар

Monday, October 26, 2020

Eurol Diesel Injection Cleaner

Пакување: 
250ML

Опис:
Eurol Diesel Injection Cleaner се состои од концентрирани контролни компоненти, кои овозможуваат да се отстранат штетните нечистотии од инјекторите за гориво, вклучувајќи јаглерод, лакови и нечистотиите од гумените делови.Кај сите дизел инјектори со текот на времето се наталожуваат јаглеродни нечистотии, кои доведуваат до неефикасно и нецелосно согорување на горивото. Инјекторите можат да се затнат и автомобилот може да троши повеќе гориво од вообичаено.

Eurol Diesel Injection Cleaner е специјално формулиран за да ги отпуши валканите инјектори и да ги врати целокупните перформанси на моторот. Дополнителните бенефиции спречуваат било какво губење на енергија и го подобруваат забрзувањето, го елиминираат грубиот старт, како и доведуваат до намалување на емисиите на штетни гасови преку целосно согорување.

Овој адитив е погоден за сите атмосферски мотори и мотори со или без турбо полначи.

250ml шише од Eurol Diesel Injection Cleaner се препорачува за употреба во возила кои собираат од 35L до 65L гориво. Додајте го адитивот во резервоарот пред да наполните гориво. За оптимални резултати, користете го на секои 2.500 km.

Симптомите кои укажуваат на многу валкани инјектори се: губење на моќта, лоша работа на моторот, зголемена потрошувачка на гориво и издувен чад.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top