Адитиви за во резервоар

Monday, October 26, 2020

Eurol Diesel DPF Cleaner

Пакување: 
500ML

Опис:
Eurol Diesel DPF Cleaner е адитив дизајниран да му овозможи на DPF филтерот да се регенерира многу полесно, кога дизел филтерот за честички е многу повалкан од вообичаено.

Дизел моторите не се наменети за кратки патувања или тргни-застани услови за возење. За време на кратки патувања, дизел моторот не може да ја достигне температурата и повеќе нечистотии се формираат при согорувањето.

Она што му пречи на DPF филтерот се должи на квалитетот на горивото, квалитетот на моторното масло, стилот на возење или градското возење. Автомобил опремен со DPF филтер е програмиран да го регенерира DPF филтерот, штом издувните гасови се доволно жешки за да ја постигнат температурата на регенерација на DPF, која е околу 600°C.

Eurol Diesel DPF Cleaner се користи кај (fuel-borne) катализаторите за да се намали оваа температура до 400°C, што придонесува за полесно да се оксидираат јаглеродните нечистотии. Овој адитив допринесува за намалување на издувните гасови.

Адитивот се препорачува да се користи почесто, за да не дојде до палење на светлото за предупредување на DPF филтерот. Ако се запали сијаличката, а вие ништо не превземете, DPF филтерот ќе мора да се замени или да се отстрани за да биде целосно исчистен, но многу поскапо ќе ве чини.

500ml шише од Eurol Diesel DPF Cleaner се препорачува за употреба во автомобили кои собираат од 35L до 65L дизел гориво. По додавањето во горивото, автомобилот треба да се вози подолго време (> 50 километри), а моторот треба да работи над 2.500 до 3.000 вртежи во минута во рок од 30 секунди. Додавањето на адитивот во резервоарот за дизел гориво, ќе ви помогне да се регенерира DPF филтерот, во сите услови на возење.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top