EUROL

EUROL

Врвни моторни масла и адитиви

Сертификат...

CERTIFICATE
QUARANTEE OF THE HIGHEST QUALITY
TO AUTHORISED DEALER
FUL SISTEM, SKOPJE MACEDONIA

Кликни тука...

Советник...

Со помош на нашиот советник вие можете да 
направите правилен избор на моторно масло
или друга оперативна течност за вашето возило

Кликни тука...

Функција на моторното масло

ПОДМАЧКУВАЊЕ

ПОДМАЧКУВАЊЕ Главна функција на моторното масло е да овозможи лесно клизање на една површина по друга т.е да го намали триењето.Со намалувањето на триењето се намалува и трошењето на деловите на моторот и штеди енергија.До најголемо абење во моторот доаѓа при првото палење на моторот-пред маслото да стигне во сите критични делови на моторот. Кога моторот ке се загрее маслото не смее да стане премногу ретко затоа што маслениот филм треба да биде со пресметана дебелина за добро подмачкување.Отпорот на маслото према течењето се нарекува вискозност.Маслото со ниска вискозност обично го нарекуваме ретко а тоа со поголема густо.Влијанието на температурата врз вискозноста на маслото е многу различна и зависи од квалитетот на маслото. Високите цени на синтетичките масла повеќекратно ја надминуваат користа од истите,а и заштедата која ви ја овозможуваат истите.

ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА

ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА Квалитетното моторно масло го намалува трошењето на деловите на моторот на тој начин что го спречува допирот на клизните поврчини.Покрај тоа може да дојде и до хемиско трошење односно корозија.Јасно е дека моторното масло не предизвикува туку штити од корозија односно од било какви оштетувања кое мозе да ги предизвика вода,киселина или други штетни нечистотии.

ЛАДЕЊЕ НА МОТОРОТ

ЛАДЕЊЕ НА МОТОРОТ Енергетската искористеност на современите мотори се движи околу 40% што значи дека 60% од вкупно развиената топлотна енергија настанува од согоревање на горивото во моторот се носи во околината преку системот за ладење на моторот.Додека горните делови на моторот се ладат пренесувајќи ја топлината на расхлдното средство.движечките делови на моторот како клиповите,лагерите,радилицата,брегастата осовина и сл се ладат со циркулација на маслото.Ако дојде до запушување на маслените канали во моторот,дотокот на масло е намален тогаш и моторот нема да биде правилно разладуван.

ОДДРЖУВАЊЕ НА КОМПРЕСИЈАТА

ОДДРЖУВАЊЕ НА КОМПРЕСИЈАТА Површината на клипните прстени и ѕидовите на цилиндарот не се идеално мазни.Тоа јасно може да се примети под микроскоп.Тоа е причената зошто во потполно нов или ремонтиран мотор потрошувачката на масло е релативно голема се додека овие површини не се израмнат и му овозможат на маслото подобро да дихтова.Самите прстени неможат никогаш во потполност да го спречат "продувувањето" настанато поради високиот притисок при согорувањето и компресијата во куќиштето на моторот каде владее низок притисок.Моторното масло ги пополнува овие неармнини и значително го бодобрува дихтовањето.

ОДРЖУВАЊЕ ЧИСТОТА ВО МОТОРОТ

ОДРЖУВАЊЕ ЧИСТОТА ВО МОТОРОТ Заради низа причини горивото во бензинските и дизел мотори не согорева потполно.Еден дел од недосогореното гориво влегува во низа сложени хемиски промени и под одредени услови формира чад и гареж.Поголемиот дел на недосогореното гориво излегува надвор во облик на чад преку издувниот систем,но мал дел се пробива во куќиштето на моторот. Со спојување на чад и вода настанува талог-муљ.Талогот ги затвора маслените канали и со тоа го намалува протокот.

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top